Македонија ќе стане регионален стартап-центар каде младите лица ќе може да ги реализираат своите бизнис-идеи, заклучија на денешната средба вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, со в.д директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров.
Преку 550 субјекти се во портфолиото на Фондот за иновациии и технолошки развој во овие три години, што е навистина одлична бројка“, посочи вицепремиерот.
Петров посочи дека максимално ќе се посвети ефикасно и ефективно да се искористат буџетските средства во Фондот. Тој нагласи дека нашата земја изобилува со млади, креативни и иновативни луѓе, а Фондот е вистинско место каде што може да се обратат, да добијат стручна помош за развој на нивните проекти, но и финансиска поддршка за нивна побрза реализација.
Микро, малите и средни компании, стартап и спин-оф, остануваат да бидат во фокусот на работата, со оглед на тоа што овие компании имаат огромен потенцијал за раст, како на приходи така и на бројот на вработени, што пак директно ќе влијае на економијата, рече Петров.
Вицепремиерот Битиќи и директорот Петров се согласија дека потенцијалот за развој на стартап-компаниите во земјата е огромен, а во наредните години заеднички ќе работат на тоа Македонија да ја направат регионален стартап-центар, каде секое младо лице со идеја ќе може да ги оствари своите бизнис-идеи.
Comments are closed for this post.