Голема промоција за нашиот академски сликар Никола Голубовски. Преработка на неговата уметничка слика „Салвадор Дали и Гала“ е победник во категоријата НАЈДОБАР ПОРТРЕТ на конкурсот што го организира престижниот Princeton University Art Museum .

Другите уметнички дела што се преработени се од најпознати светски уметници. Што го става во исто рамниште со нив.

На конкурсот учесниците имаа одбрани слики од автори од 1550-1950 година. Од учесниците само јас сум современ сликар, а сликата што ја изработив и за која ја добив наградата има преку 32 000 посети и на 50 страници на интернет се појавија имитации на мојата слика, вели Голубовски.