Ноќните часови за жителите на Скопје се ризични за излегување надвор поради загадениот воздух кој го регистрираат мерните станици на Министерството за животна средина. Но, над дозволеното се и среднодневните концетрации на ПМ 10 честичките на мерните станици во Центар, Гази Баба, Карпош и Лисиче.
Мерењата во последните пет-шест дена покажуваат високи концентрации на ПМ 10 честичките на метар кубен во вечерните и ноќните часови, преку ден концентрациите според мерењата се пониски, но во одредени делови и периоди ги надминуваат дозволените 50 микрограми.
Така мерната станица Лисиче регистрирала загадување на 23, 24, 26 и 27 октомври. На 23-ти високи концентрации се забележуват од 19 часот до 3 часот по полноќ, на 24 исто така вечерта од 18 до 04 часот по полноќ, на 26 од 19 часот до 01 часот по полноќ и на 27, односно во изминатото деноноќие загаден бил воздухот од 18 часот до 01 часот по полноќ.
Од достапните мерења на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање во Гази Баба исто така е забежано во ноќните часови загдување на 23, 24 и 27 октомври и тоа исто со почеток од 19 часот пд до 02 по полноќ.
Во Карпош дозволените концентрации се надминати еднаш во траење од четири часа и во Карпош од 19 до 02 часот.
Среднодневните концентрации се надминати и во Кичево, Тетово, Гостивар, Велес, Кавадарци и Куманово.
Comments are closed for this post.