Централниот регистар (ЦРРСМ) информира дека за јавноста е достапен новиот веб портал на институцијата и дека преку Отвореното владино партнерство се креирани „отворени подароци“, нужни за професионалните корисници, коморите и за сите кои имаат потреба од информации од јавен карактер поврзани со бизнис климата во земјава.
Услугата ‘Основен профил на регистриран субјект‘ има за цел да ѝ овозможи на јавноста основен преглед на јавните податоци кои ги администрира ЦРРСМ, а кои се однесуваат на основната регистрација на субјектите. Со ова Централниот регистар ќе ги исполни и барањата на јавноста за транспарентност и достапност на одреден сет на податоци за деловните субјекти, но и задолженијата согласно програмата за Отворено владино Партнерство.
Во листата на субјекти кои се резултат од иницијалното пребарување , корисникот ќе може да одбере конкретен субјект и ќе може да ги види следните податоци за одбраниот субјект:
-ЕМБС;
-ЕДБ;
-Целосен назив;
-Скратен назив;
-Датум на основање;
-Правна форма;
-Правен статус;
-Адреса;
-Дополнителни информации (во стечај/во ликвидација);
-Претежна дејност;
-Големина.
Истовремено со ова се врши и усогласување на Централниот Регистар со најновата Директива на ЕУ за примена на дигитални алатки и дигитални процеси во трговското право во поглед на отворање на основните податоци за правните лица“, се наведува во соопштението од Централен регистар.
Оттаму појаснуваат дека услугата „Статистички билтен“ има за цел да понуди преглед на низа сумарни, макроекономски податоци од регистрите кои ги управува ЦРРСМ кои ја одразуваат генералната економска клима на државата.
„Сите статистички филтри се имплементирани да даваат податоци на ниво на целата држава, како и на ниво на секој статистички регион одделно. Дополнително, секој подносител во системите ја има можноста да го следи статусот на обработка на предметот за кој е поднесена пријава.
Comments are closed for this post.