Колапс на малите бизноси. Во центарот на метрополата на потегот од улица Македонија до Градскиот трговски ценар и во него, зјаат празни дуќани. Епидемијата си го направи своето, ама владините три сета на мерки, за спас на стопанството не ги дадоа посакуваните резултати, пишува Алфа.

Над 80 дуќани во Градскиот грговски центар во Скопје ставија клуч на врата. Најчестата налепница на продавниците е дека Дуќанот се издава или се продава. Малата заработка, но и пандемијата е главната причина што добар дел од закупците ставија крај на бизнисите.

Не можеме да преживееме, а камо ли да ги платиме давачките и кириите. Ова е страшно, се жалат дуќанџиите кои речиси цел живот лебот го вадат од продавниците, каде сега, како што велат, човек не влегувал.