Вечерва во емисија „Што не е јасно“ гостуваше Ванчо Ѓоргиев – член на мешовитата комисија со Бугарија кој што посочи дека Гоце Делчев не е единственото прашање кое и пречи на Бугарија, има и друга низа прашања во однос на македонската историја.
„Гоце Делчев не е единственото прашање, туку станува збор за една комплетна стратегија од страна на Бугарија во контекст на историското минато. Но, тоа не е само за историското минато туку тоа повлекува и сериозни политички импликации“, истакна Ѓоргиев.
Ѓоргиев додаде дека Бугарија во македонската историја гледа закана.
„Соседите односно Бугарија се обиде проблемот со Гоце Делчев да го претстават како европски спор но не им помина во ЕУ“, рече Ѓоргиев.
Ѓоргиев посочи дека тој е граѓанин на државата Македонија, и секогаш ќе ги застапува интересите на Македонија.
Comments are closed for this post.