Судењето за случајот „Насилство во Центар“ продолжи по пауза од шест месеци и денеска судијата Душан Јосифов ги одби сите барања на обвинетите: одбраната бараше да ги добие оригиналните цедиња од вештакот од Србија Слободан Јовиќиќ, но тоа не беше дозволено, а ито така не беа прифатени сведоците Ивица Коневски, Јордан Камчев и Кирил Божиновски.

Зошто е важно сведочењето на Ивица Коневски?

Сведок на обвинителството тврди дека Ивица Коневски му рекол партијата да организира протести. Одбраната на Миле Јанакиески го бара Ивица Коневски за сведок да каже дали така рекол. Судијата на овој политички процес Душан Јосифов не го прифаќа Ивица Коневски за сведок. Не дава да сведочи.

Судијата го одбива сведокот владика Агатангел

Владиката Агатангел во тоа време јавно повика на протести пред општината, на кои и лично присуствуваше, но обвинителството го товари Никола Груевски за организатор кој поттикнал насилство во кое никој не е удрен или повреден. Осуммина се товарат дека извршиле насилство со нивното присуство на протестот и со скандирање со што ги вознемириле преставниците на СДСМ. Адвокатот кој му го назначи судот по службена должност на тогашниот премиер Никола Груевски по избор на истиот судијата, откако Груевски доби политички азил во Унгарија, изненадува и го предлага владиката Агатангел за сведок, за да каже дали Груевски или некој блисок до него побарал тоа од него. Судијата одбива владиката Агатангел да биде сведок.

Истиот адвокат предлага само уште двајца сведоци во одбраната на Груевски. Судијата не ги прифаќа ни нив. Практично не прифаќа ниту еден сведок на адвокататот на Груевски избран од самиот судија и назначен по службена должност. Но затоа за сведоци ги прифати сите до еден советници на партијата СДСМ од тоа време и вработени во општината, вкупно на број над 20 кои како добро претходно подготвени кажаа дека Груевски не бил таму но го чуствувале неговиот дух.

Судијата го прифаќа сведокот Мартин Протогер, но се премислува

Судијата го прифаќа предложениот од Миле Јанакивски сведок Мартин Протогер. Судијата го прифаќа и двапати со покана го кани на рочишта кои од други причини се одлагаат. На третото рочиште Протогер е во судницата, но судијата се премислува и вели дека се премислил и Протогер не го прифаќа за сведок.

Одбраната бара аудиоматерјалите, кои се копии, да се вештачат така што ќе се споредат со оргиналот. Судијата не сака и прифаќа сведок вештак на обвинителството од Србија, иако законот налага дека вештаци може да се прифатат само од Македонија со лиценца издадена од министерот за правда.

Адвокатот назначен од самиот судија, за разлика од другите така назначени адвокати на Груевски, очигледно излегува од контрола. На денешното рочиште го потсетува судот и му дава извадок од службен весник дека претседателот Иванов потпиша прекин на постапките вклучувајќи и за Груевски во овој случај. Потоа ги поништи, но адвокатот нашол исти случаи пресудени во судот за човекови права во Стразбург од кој произлегува дека еднаш потпишана аболиција не може да се повлече, а особено не со ретроактивно применет закон. Имено можноста да може истата да се повлече е дадена со нова одредба во Законот донесена по аболицијата што значи применето е ретроактивно дејство. Пред една година во Законот за судови македонскиот парламент внесе одредба дека праксата на Стразбург е задолжителна за македонските судови и судии, а непочитувањето може да резултира со разрешување на судијата.

Судијата и тоа ќе го отфрли бидејќи се бори да ѝ се допадне на власта и да не биде тој лично санкциониран од власта. Калкулира дека подобро е да го разрешат во иднина заради непочитување закон одколку сега и плус да му отворат постапки.

Ова не е извештај за некое политичко судење во Македонија во 19 век од страна на некој османлиски кадија, туку во 2020 година во модерна Европа. На судијата му е многу важно владејачката структура преку медиумите да види дека тој прави се што е во негова моќ да ги спречи обвинетите да докажат дека не се виновни и да го побијат монтираниот процес за никогаш неудрените шамари на Андреј Жерновски. Одтука и овој текст во правец да му помогне на судијата на тој план пред истиот во октомври да ги објави пресудите кои веќе сега се јасни.