Откако стана јасно дека тениските турнири, ни помалите ниту пак Гренд слемите нема да продолжат во скоро време, најдобиот играч на светот дојде на идеја како да го популаризира тенисот низ регионот.
Новак Ѓоковиќ заедно со својот тренер Горан Иванишевиќ сакаат да организираат ревијални мечеви по земјите од поранешна Југославија. Ривали на Ноле ќе му бидат локални тенисери или пак играчи од АТП листата кои ќе сакаат да дојдат на овие егзибиции.
Размислуваме за серија мини турнири кои би се организирале во Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Ќе има сериозни играчи.Се работи на тоа. Ќе видиме како ќе биде во јуни и јули со патување, граници, изолација-објасни Иванишевиќ.
Comments are closed for this post.