Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција овјави дека до Владата се предложени нови мерки за заштита од ширење на коронавирусот.
Забрана на сите јавни и приватни собири без разлика на бројката на учесници, работно време на угостителските објекти до 18 часот, како и работа со преполовен капацитет, односно маси поставени да има дистанца од 1,5 до 2 метри меѓу гостите. Исто така, сите киносали, театри, обложувачници и казина да затворат. Сите хронични пациенти за интервенција да се одложат освен итните.
Во разговори со одговорни лица од Италија дознавме дека дури по воведувањето ригрозни мерки нема нови случаи, порача министерот Филипче.
Comments are closed for this post.