По денешното презентирање на фотографии од социјалните мрежи на кои се гледа дека Боки носи скапи парчиња гардероба и пред покренувањето на обвинението, втор доказ кој би одел во корист на одбраната е и неговиот мобилен телефон.
Обвинителството на почетокот на процесот рече дека тој не бил во целост вештачен, односно дека бил земен само периоот кој им бил потребен за покренување на обвинението. На тоа реагираше одбраната на Јовановски дека е многу важно да се види со кога Боки разговарал пред и по покренувањето на обвинението.
Пред неколку дена обвинението се согласи целиот телефон да биде да се извештачен.
Сашо Дукоски посочи дека се работи за УСБ кое го добиле вчера, а откако ќе се провери дали ја има целосната содржина од телефонот, ќе биде изведено како доказ пред судот.
Comments are closed for this post.