Постарите љубители на фудбалот сигурно го знаат Милко Ѓуровски. Тој во осумдесеттие години беше еден од најдобрите фудбалери во поранешна Југославија. Вистинска револуција предизвика кога од Црвена Ѕвезда премина во Партизан што беше вистинска реткост во тоа време.
Пред денешното вечно дерби вели дека и двата клуба му се драги и оти никого не мрази.
-Можат да зборуваат што сакаат но јас сум навивач на Црвена Ѕвеза. На „Маракана“ израснав но не можам да го мразам Партизан-објаснува Милко.
Comments are closed for this post.