Не сме сите исти, и во зборот што го кажуваме а вреди. Не сме исти во сериозноста издржаноста и идните резултати на проектите реформите што се ветуваат за разлика од она што Зоран Заев го ветуваше и не го направи.
Не сме исти и во луѓето кои денес се со нас, а ќе ви докажат дека може не само многу подобро поквалитетно да се работи и повеќе од ова сега тшто ни го испорачуваатРадмила, Спасовски, Рашкоски, Филипче, Кирацовски и останатата рекетарска дружина. Мора да има одговорност затоа што само така ќе имаме држава – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот протест против неправдите кои власта на Заев ги нанесе на Македонија.
Но таа сама по себе не е одговор затоа што така власта која е суштинската причина за таа апатија ако не биде казнета ќе продолжи како досега. Народот на локалните избори го казни ВМРО и ВМРО ја научи лекцијата, сега треба да го казни СДСМ за СДСМ да научи. Со седење дома и апатија, народе македонски, нема промени на подобро. И таа апатија ја посакува СДСМ бидејќи таа значи поддршка за нив. Мора да опстои вербата и надежта дека може подобро и да се почувствува оваа енергија која значи промени и значи обнова. Следните избори се нова шанса за нашиот народ да си ја врати државата во свои раце и да покаже дека Македонија може и Македонија заслужува повеќе. По следните избори нема да биде ништо исто со како што е сега. Ние го ветуваме тоа, а нашиот збор, знаете, вреди за разлика од оној на Заев – рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.