Вчера беше стрелано кон полицаец на должност во Велес од лице што било дел од ослободените криминалци со Законот за амнестијата, што го донесе СДСМ пред две години, изјави на прес-конференција претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
„СДСМ ослободи 800 криминалци од затворите и со тоа директно ја загрози безбедноста на нашите граѓани, а сега со последниот случај гледаме дека ја загрозил и безбедноста на полициските службеници“, посочи Ѓорѓиевски додавајќи дека данокот за ваквата постапка, за жал, го плаќаат сите.
Тој нагласи дека благодарение на Зоран Заев и Оливер Спасовски криминалот во Република Македонија царува, а криминалците што тогаш добиле ослободување сега се уште поосоколени да дивеат бидејќи, како што рече, врвот на СДСМ им е директен заштитник.
„Повторно во пресрет на изборите во април криминалците се охрабруваат од некои политички моќници за потоа тие да одработуваат во кампањата, и тоа директно за СДСМ“, констатира претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.