Еден од најобрите актери во поранешна Југославија, Мустафа Надаревиќ објави дека боледува од рак на белите дробови. Тој вели дека за болеста разбрал при рутински преглед и не се надевал дека тоа може да му се случи иако е страствен пушач.
Тој ги советува младите да одат на превентивни прегледи и да не бидат плашливи како него.
-Мене уште како дете ми беше „леле“ дури и од забар, се ми беше страшно. Добро е да се оди на време на прегледи бидејќи тогаш болеста може да се изглекува-вели актерот.
Сепак, добрата работа е што по неколкуте третмани Мустафа е добар и снимањето на „Луд збунет нормален“ ќе продолжи со нови епизоди.
Comments are closed for this post.