Поротничката на која ѝ е истече мандатот на 24 декември 2019 година Лилјана Кочковска не се појави на денешното рочиште за случајот „ТНТ“. Кочковска со писмо дала неотповиклива оставка како поротник поради истек на мандатот, но и поради здравствени проблеми, соопшти судијата Огнен Ставрев, кој во целост го прочита нејзиното писмо.
Советот не е во полн состав и не може да одлучува и не може да заседава, така што судењето мора да почне од почеток, рече судијата Огнен Ставрев.
Тој побара од страните во процесот до утре да се изјаснат дали прифаќаат да не се изведуваат доказите туку само да се прочитаат и да не се повикуваат одново сведоците.
Неофицијално дознаваме дека адвокатите кои не ги застапуваат странките од почеткот на судење нема да прифатат, бидејќи не се запознаени со случајот.
Comments are closed for this post.