Мајката на Моника  плачејќи го раскажува својот прв разговор со ќерка си, 12-годишната Моника, која беше киднапирана и по неа се трагаше девет дена.

„Мамо, само дојди да те загрнам“, и рекла Моника на мајка си.

Дванаесетгодишната Моника Каримановиќ денеска беше пронајдена жива по деветдневниот пекол кој го поминала откако беше киднапирана на 20 декември. Според медиумите, девојчето е во стабилна состојба.

Според дел од медиумите, девојчето е пронајдено во гробница во село во близина на Ниш по девет дена интензивно трагање по неа и нејзиниот киднапер. Таа околу 17.40 часот е пренесена во болница во Ниш.

Очевидци тврдат дека oсудениот насилник Нинослав Јовановиќ избегал пред да дојде полицијата и дека со себе има нож. Таа беше киднапирана од Нинослав Јовановиќ, познат како ’берберот од Малчан’, околу 7:30 часот на 20 декември, додека таа одела на училиште. Јовановиќ работел на неколку работни места во една од куќите во Сув Дол и веројатно со денови ги следел нејзините движења. Откако украл автомобил, сиво „пунто“, тој го киднапирал детето додека одело на училиште.

Во деветдневна потрага на полицијата, се вклучи и војската и граѓаните, кои ја пребаруваа секоја куќи и подрум во околината, влегоа во стотици напуштени домови каде киднаперот би можел да го крие девојчето. На многу места, Јовановиќ оставил траги како што се отпадоци од храна и облека.