Уште една навивачка група одби да оди кај претседателот Пендаровски на помирување со навивачите на Шкендија и Шкупи. Преку соопштение тоа го сторија и „Мајмуните“, навивачите на прилепска Победа.
Тие нагласуваат дека нема да седнат на иста маса со оние кои истакнуваат навредливи пораки, имаат невозможни соништа за некаква си голема држава и плукаат по се што е македонско.
Нема да седнеме на иста маса со оние што ниту еднаш не го истакнале знамето на државата во која живеат, а ги величат симболите на соседни држави-велат навивачите на Победа.
Comments are closed for this post.