Зоран Заев три дена молчи во врска со предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лица кои биле амнестирани да не се занимаваат со политика, како и лица кои се во политиката да не можат да бидат амнестирани, побара опозуциската партија
Зоран Заев бега од предлогот на претседателот Христијан Мицкоски, затоа што е амнестиран криминалец за криминал од 8 милиони евра.
Зоран Заев се противи и на предлогот за испитување на потеклото на имот за политичарите, затоа што за милионите на Заеви нема оправдување.
Зоран Заев бега од предлогот политичарите кои се аспиранти за премиер да имаат статус на кандидат мандатар, за кандидатот кој ќе ги загуби изборите да се повлече од политиката и да не се крие зад пратеничкиот имунитет.
Зоран Заев гледа прибежиште за својот криминал во пратеничкиот имунитет. Тој мисли дека ќе се спаси од кривичен прогон.
Зоран Заев молчи затоа што е исплашен и знае дека аќе ги изгуби изборите на 12 април. Зоран Заев е премиер кој заговара амнестија, се плаши од испитување на потекло на имот, и не се откажува од пратеничкиот имунитет, зошто така мисли дека нема да одговара пред законите.
Зоран Заев треба барем да се охрабри и да каже дека не ги прифаќа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ. За граѓаните да знаат точно за каков човек станува збор.
Comments are closed for this post.