На почетокот на првото рочиште за случајот „Рекет“ е дадена пауза од 20 минути, за медицинска екипа да го0 прегледа Боки 13 и да утврди дали тој е во состојба да присуствува на судењето.
Пред да биде донесен во судот, лекартот во истражниот затвор „Шутка“ утврдил дека Боки е тешко контактибилен и дека не може свесно и рационално да размислува.
Не се чувствувам добро и, народски кажано, повраќав, но имам исклучителна желба да присуствувам на процесот за да не биде одолговлекуван. Јас инсистирав денеска да бидам донесен, но не сум во можност да ги образложам моите воведни зборови – рече Боки во судницата.
Неговиот адвокат, Сашо Дуковски, земјаќи збор, изјави дека на ова укажувал со месеци и дека детално и децидно се подготвени за целиот процес.
Не сакам да бидам сфатен погрешно. Јас го посетував и во болницата „8 Септември“ и во затворот и запознаен сум со неговата здравстрвена сосотајба. Не случајно ја одржав и прес-конференцијата. И јас инсистирав да дојде денеска во судницата. Еве вие го гледате. Го посетив и вчера во затворот и под кривична одговорност тврдам дека не е точно дека му се дава терапија. Таа му е прекината и вие одлучувате дали процесот денеска ќе се одржи или не. Истото се сучи и во јавното обвинителство при одредувањето на притворот, меѓутоа тогаш сите молчеа – изјави Дуковски.
По него повторно зема збор Боки.
Сакам да додадам дека терапијата не ја имам добиено, а испуштен сум од болница на први декември под непознати околности. Утврдена е нова дијагноза, но целата докумнтација не ја имам добиено – рече Боки.
На ова реагираше обвинителката Вилма Рускоска, која рече дека е сигурна што од болницата „8 Септември“ е дадено мислење дека тој е способен да го следи процесот, тогаш тоа е така.
Ниту еден доктор не би си ја довел во прашање работата и својата кариера и затоа сметам дека ова се обиди да се одложи почетокот на судењето – изјави Рускоска.
По ова, судијката даде пауза од 20 минути со оглед на тоа што во судот е присутна здравствена екипа, која ќе изврши преглед на Боки по што ќе процени како ќе следуваат натамошните активности.
Comments are closed for this post.