Карло Анчелоти, изјави дека е среќен како тренер во Наполи и нема намера да го замени Унаи Емери во Арсенал кој е под голем притисок.
Британски медиуми шпекулираа и дека Анчелоти (60) е кандидат за преземање на клупата на Тотенхем, но таа чест му припадна на Жозе Мурињо.
– Останувам во Наполи. Тоа се само гласини. Имам побелена коса и доволно искуство, во моментов таквите пишувања се само шпекулации, изјави Анчелоти по натпреварот со Ливерпул во Лигата на шампиони.
Тренерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто, според букмејкерите е фаворит за замена на Емери, но поранешниот тренер на Порто одби да ги коментира шпекулациите околу неговата сопствена иднина пред вечерашниот натпревар против Брага.
Comments are closed for this post.