Во најсилното клупско фудбалско натпреварување во Европа – Лигата на шампионите синоќа се комплетира 5. коло во сегментот Е-Х по кое учество во елиминациската фаза обезбедија Барселона и Лајпциг.

Резултати:
Валенсија – Челзи 2:2
Зенит – Лион 2:0
Барселона – Борусија Дортмунд 3:1
Генк – Салцбург 1:4
Лил – Ајакс 0:2
Ливерпул – Наполи 1:1
Лајпциг – Бенфика 2:2
Славија Прага – Интер 1:3.

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, по нерешенит 1:1 со Ливерпул на натпреварот во Лигата на шампионите, истакна дека овој резултат може да се смета за позитивен.

Според него, ситуацијата во групата е идеална за неаполитанците – тие се на второто место со 9 бода, а Салцбург, кој има 2 бода помалку, е на третото место.

– Овој резултат може да се смета за позитивен. Не е лесно да се одигра тука нерешено. Ние ниту во еден момент не излеговме од игра. Точно дека се браневме повеќе, но ова е единствениот начин да се игра со Ливерпул, доколку се надевате на позитивен исход. Сега ситуацијата во групата е совршена за нас. Беше добра вечер за нашиот тим, изјави Анчелоти.