Германскиот парламент донесе одлука за намалување на ДДВ на женските хигиенски производи, како што се тампони и влошки, откако петицијата за намалување на данокот на овие предмети јапотпишаа над 81.000 лице.
„По собраните 81.000 потписи, исцрпната расправа во Бундестагот и сесрдната поддршка од министерот за финансии Олаф Шулц, сега е и официјално: од 2020 година тампоните, влошките и остнатите производи за женска хигиена ќе се третираат како производи за основна потреба и ќе се оданочуваат со седум наместо 19 отсто“, соопшти списанието за млади Неон и берлинската фирма Ајнфорн, кои ја покренаа петицијата.
Оваа петиција беше поддржана од многу познати имиња од германската јавност, посочувајќи дека не станува збор за финансиите, туку и за праведноста меѓу половите.
„Горди сме на постигнатото. Менструацијата не е луксуз и поради тоа овие производи не смеат да се оданочуваат по повисоката стапка на ДДВ“, се наведува во денешното соопштение од Неон и Ајнхорн
Comments are closed for this post.