Поминаа 19 дена од неуспешниот референдум, кој го организираше власта и на кој народот јасно се изјасни дека нема одлука за уставни измени. 19 дена се одовлекува расправата , тоа е затоа што мниозинството е свесно дека нема поддршка уставни измени, истакнаа на денешната прес-конференција во Собранието пратениците од ВМРО-ДПМНЕ пред најавеното продолжение на расправата за уставни измени.
Бараме од Џафери без доополнително одлагање да ја стави точката на гласање и да види мнозинството дека нема двотретинско мнозинство. Ние ќе гласаме согласно волјата на народот изразена на референдумот кој беше неуспешен. Владејаќчкото мнозинство треба да ја стави точката на гласање и ќе видат дека волјата на народот е посилна од притисоците од власта, рече пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.