За време на собраниска седница која повеќе пати беше прекинувана затоа што неколку политичари биле исфрлени од Парламентот на Хонг Конг, продемократските пратеници ја повикаа гувернерката на Хонг Конг, Кери Лам, да поднесе оставка.

Во еден момент, атмосферата во парламентот се подигна до тој степен што Лам беше принудена да го прекине своето обраќање.

Хаосот во Парламентот на Хонг Конг трае неколку дена, во време кога Лам се обидува да одговори на прашања за својата годишна политика. Како и годишниот говор, Лам беше принудена и одговорите на прашањата да ги емитува преку видео снимка.

Маскирани напаѓачи вчера со ножеви и чекани го нападнаа лидерот на едно од од најголемите продемократски движења во подрачјето под кинеска власт. Организацијата за заштита на човекови права Амнести Интернешнел ги повика властите да го истражат „застрашувачкиот напад“.

Продемократските пратеници бараат оставка од Кери Лам затоа што, како што тврдат, има „крв на своите раце“.

Веќе кажав дека ќе бидеме понизни, ќе слушаме различни мислења и ќе основаме стручна комисија за да најдеме излез од моменталната ситуација  – изјави Лам пред пратениците.