Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе ослбодителна пресуда за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во случајот „Ровер“.
Судот реши дека покрај Бошкоски и Зоран Трајковски, Сашко Јовановски, Ивица Ристиќ, Гоце Митревски и Никола Негриевски не се виновни за убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година.
Тројца обвинети српски државјани, Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ, кои беа осудени на доживотен затвор, добија осудителна пресуда, а ослободителна пресуда доби четвртиот српски државјанин Вук Вукичевиќ..
Во врска со овој случај досега беа донесени две првостепени пресуди, но Апелацискиот суд ги укина и по трет пат судењето почна во октомври 2015 година.
Бошкоски во претходното судење доби казна затвор во траење од 10 години и шест месеци, инспекторот Трајковски заработи осум години и шест месеци, а по седум години затвор добија Јовановски и Ристиќ. Митревски и Негриевски добија затворски казни од по пет години и шест месеци.
Обвинетите Чубрило, Илиќ и Ковачевиќ како директни извршители на убиството на Тушевски и Јанев на второто судење добија казна доживотен затвор, а Вук Вукичевиќ беше осуден на 15 години затвор.
Бошкоски во случајот „Ровер“ се товареше затоа што знаел дека Орце Коруновски, кој подоцна исто така е ликвидиран во криминална пресметка, нарачал убиство за Марјан Тушевски.
Марјан Тушевски и Кире Јанев во 2001 година беа убиени на излегување од кафулето „ЗУ” во скопската населба Капиштец. Прво со 11 куршуми бил убиен Тушевски, а потоа напаѓачите пукале и кон Киро Јанев кој се обидувал да избега.
Comments are closed for this post.