Алжирската влада забрани покривање на лицето на работно место во јавни служби, односно носење никаб или бурка.
Премеирот Ахмед Оујахиа, ги повика министрите и гувернерите во државата строго да ја почитуваат наредбата и да не се дозволи „каква било облека што пречи за извршување на функциите во јавните служби, а која е строго забранета на работното место, особено никаб“.
Владин портпарол соопшти дека одлуката за вработените да мора да го покажат својот идентитет на работните места е со цел за да се избегнат безбедносни закани.
Comments are closed for this post.