Во ист ден двете најголеми партии започнаа кампањи кои многумина ги протолкуваа како неофицијален старт на предизборна кампања. Повеќе е од јасно е дека и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваат за предвремени избори, можеби уште напролет.
За таа цел ВМРО-ДПМНЕ формираше тим од 16 стручни соработници за победа на следните избори, порача опозицискиот лидер на денешната прес конференција.
Тимот на Мицкоски е интернационаленмеѓу нив се и двајцата поранешни претседателски кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска и Сашко Кедев, оперскиот пејач Игор Дурловски, репрезентативниот голман Борко Ристовски.
Мицкоски вели дека списокот е отворен а партијата подготвена да го прифати секој кој сака да се вложи во како што вели, обновата на Македонија. На премиерот Заев уште еднаш му порача да се соочат на избори.
СДСМ пак стартува караван трибини наречен „На прав пат“. Генералниот секретар, Љупчо Николовски најави одржување на 20 граѓански форуми како и секојдневни средби со граѓаните на кои ќе се слушаат нивните проблеми, но и ќе се промовира сработеното.
Comments are closed for this post.