Поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц смета дека Европската унија во октомври треба да испорача датум на почеток на преговорите на Македонија и Албанија.
Да, дефинитивно тоа ќе биде така, мислам дека како личности треба да си ги одржуваме нашите ветувања а особено во политичкиот живот. Се надевам дека во средината на октомври Советот ќе одлучи за отпочнување на пристапните преговори како што беше ветено. Се надевам дека нема повторно да се одложува. Меѓутоа, моето искуство по три децении работејќи во европските инстиуции и европската политика ми кажува дека ништо не можеме да предвидиме. Така што не знам што ќе се случи, рече Шулц, одговарајќи на прашања на Форумот на „Економист“ што се одржува денеска во Скопје.
Според него, од 2005 година наваму лидерите на ЕУ земјите почнаа да си играат игри во сопствените држави по европските прашања посочувајќи на примерот со британскиот премиер Дејвид Камерон и одлуката за рефенрендум кој на конзервативците во својата земја им вети референум да преживее политички.
Од тие причини релативно сум сигурен дека ќе гласаат „за“ на 15 октомври. Меѓутоа ако сакате да ви го гарантирам тоа мислам дека ниту еден член на Советот на ЕУ не може да гарантира. Но, имајќи предвид дека Германците и Французите се „за“ се надевам дека тоа ќе предизвика доволно влијание за позитивно решавање на ова прашање, нагласи Шулц.
Comments are closed for this post.