Скандал до скандал секој ден. Фирмата „Пауер АД“ во која до 7 август 2018 косопственици биле Заеви преку фирмата „Еленица“ која што иста е во нивна сопственост добила грант од Фондот за криминални иновации стотици илјади евра. Нормално, од Фондот молчат и не кажаа на нашето прашање, не одговорија колку точно пари добила фирмата и за каков проект. Молкот е потврден одговор дека се испумпани пари на граѓаните кај блиски луѓе на Зоран Заев, изјави денеска Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ.
Сега фирмата со цел назив кој што беше нормално и скриен претходно „ПАУЕРАД ИНТ“ ДООЕЛ Струмица се води на име на Митко Христов кој до лани бил косопственик на Заеви и основач на истата фирма. А, како нејзин промотор се јавува синот на Митко Христов, Петар Христов.Затоа, еве ние ќе и соопштиме на јавноста, фирмата „Пауер АД ИНТ“ од Струмица во која косопственици беа Заеви со „Еленица“ преку Фондот за криминални иновации земале 13.588.652 денари или во евра за да појасно им биде на граѓаните 220.465 евра. Замислете, проектот што чини 220.000 евра е „Иновативен начин на рекламирање, моделот предвидува заработка и за возачите и за оние кои што се рекламираат“, изјави Арсовски.
Што е тука симптоматично и зошто одговорност има и Зоран Заев и фамилијата Заеви? Фирмата е отворена на 9 февруари 2018 година. Повикот за аплицирање за грантот е објавен на 24 април 2018 година, после само два месеци откако е основана фирмата од Заеви и Митко Христов. Јавниот повик трае до 11 јуни 2018 година до полноќ. Тоа е оној рок кога може да аплицираат сите фирми за одредени проекти. Затоа им бил подготвен проектот и истава фирма „Пауер АД“, во која дотогаш биле и сопственици Заеви преку „Еленица“ го поднесуваат проектот за рекламирање на фирми преку автомобили.Заеви со „Еленица“ излегуваат од фирмата и му ја оставаат само на Митко Христов да биде сопственик на 7 август 2018 година, тоа е откако излезе скандалот со криминалните иновации, со испумпувањето на пари во ек на најголемиот скандал додека се случуваше „Еленица“ и Заеви излегуваат од сопственоста од фирмата на „Пауер АД“ која што добила 220.000 евра, изјави Арсовски
Comments are closed for this post.