Најмалку 10 лица се повредени денеска во пожар кој зафати два нафтени танкери во јужнокорејското пристаниште Услан, соопштија од крајбрежната стража, додавајќи дека пожарот во голема мерка е изгаснат.
Според првичните сознанија, до експлозијата дошло на нафтениот танкер „Столт Гренланд“ каде се наоѓале 25 морнари, претешно Руси и Филипинци.
Пожарот потоа се проширил на другиот танкер „Бау Далиан“ кој пловел под јужнокорејско знаме, а кој бил усидрен покрај „Столт Гренланд“, каде се наоѓале 21 лице, соопштија од крајбрежната стража.
Сите морнари од двата брода се спасени, но 10 лица, претежно работници на терминалот се повредени, изјави официјално лице од противпожарната служба.
Моментот на експлозијата фатен на камера.
Comments are closed for this post.