Рускиот претседател Владимир Путин му беше домаќин на Николас Мадуро во Москва, демонстрирајќи поддршка за претседателот на Венецуела во услови на зголемен притисок од САД.
Путин и Мадуро разговараа за „клучни меѓународни и регионални теми … во контекст на сложената ситуација во врска со Венецуела“, соопшти Кремљ.
Путин исто така рече дека Русија го поддржува дијалогот влада-опозиција за изнаоѓање политичко решение за кризата, се додава во соопштението.
Опозицијата во Венецуела на почетокот на овој месец објави дека престанал дијалогот со посредство на Норвешка, шест недели откако владата на Мадуро се повлече од преговорите.
Русија, еден од најсилните сојузници на Венецуела, ги поддржа напорите на Мадуро претходно овој месец против „американските напори за соборување на законски избраната Влада“.
Руски официјални лица беа во Венецуела најмалку двапати оваа година.
Средбата меѓу Путин и Мадуро се случува кусо откако Организацијата на американските држави, во која се сите држави на Северна и Јужна Америка, усвои резолуција со која Владата на Мадуро се нарекува „нелегитимен режим“.
Comments are closed for this post.