Џастин Маск, поранешната сопруга на Илон Маск, еден од најпознатите денешни претприемачи, има своја визија како да станете богати.
Според нејзиното мислење, не станува збор за решителност и колку сте вредни, станува збор за нешто друго.
Свртете го фокусот од она што го сакате (милијарди долари) и навистина посветете се да откриете што му треба на светот. Запрашајте се што е она што единствено ти го имаш, а ниту еден компјутер не може да го замени, она што никој не може да ти го украде – рече таа во еден говор.
И тогаш тој потенцијал треба да се развие.
Изберете една работа и станете експерт. Изберете друга работа и станете експерт и за тоа. И, кога ќе станете експерт во два света, да речеме инженеринг и бизнис, можете да ги поврзете и да споите нови идеи, но и да создадете конкурентна предност, односно да се разбудите до идеја која ќе ви го промени животот – рече поранешната сопруга на Илон Маск.
Comments are closed for this post.