Соросовата мрежа била активна и во Грција и како што објавуваат грчки медиуми во неа наводно бил фатен и министерот за надворешни работи Никос Коѕијас кој вчера си поднесе оставка. Според информациите, а кои ги кажал на состанокот на владиниот кабинет, на министерот за одбрана Панос Каменос, на тајно конто на грчкото МНР Коѕијас имал на располагање 45 милиони евра, пари кои според лидерот на независни Грци (АНЕЛ) легнале од Фондациите на Џорџ Сорос.
Така сега владината криза која ја тресе Грција добива нови димензии кои го зафаќаат и Преспанскиот договор, па може да се констатира дека Коѕијас всушност е колатерална жртва на договорот постигнат меѓу премиерите Ципрас и Заев.
Состанокот на кабинетот на Алексис Ципрас се одржа во понеделникот попладнето откако Каменос се врати од Вашингтон каде таму го претстави својот План Б за Македонија. Тој во своја одбрана кажа дека како министер има право да претставува планови дотолку повеќе што тој е убеден дека преспанскиот договор за Северна Македонија нема да помине во македонското Собрание, па од тие причини понудил алтернатива – да се постигне регионален одбранбен пакт со цел да се запре руската пенетрација и во интерес на безбедноста во регионот.
Но, Коѕијас сметал дека е тоа мешање во неговиот ресор, па го кренал гласот и почнала битката при што се поставило и прашањето за „тајните фондови“ на министрите. Инаку, Коѕијас неколкупати беше обвинет од Каменос дека Џорџ Сорос, со намера да го истурка Преспанскиот договор, финансирал политичари, бизнисмени и новинари, а од неодмна и Министерствотото за надворешни работи. Каменос пред десетина дена обвини дека и провладиниот „Журнал на уредниците“ е финансиран од Сорос, нешто што весникот го демантираше.
Дебатата за тајните фондови ја почнал Коѕијас, кој побарал од Ципрас да му реплицира на Ксменос. Првин кажал дека Планот Б на Каменос (во буквален превод неговото презиме се преведува како Изгорениот) е опасен за владата и за земјата и притоа истакнал дека „мора да има контрола на сите тајни фондови на министерствата“. Тој додал дека во 2016 година формирал комисија за да се контролираат тајните фондови и побарал такво нешто за сите други министерства. На тоа експлодирал министерот Каменос и нивната караница, според Ефимерида, траела десет минути. Во еден момент Каменос го обвинил Коѕијас дека од Сорос зел 50 милиони евра за да го истурка Преспанскиот договор, дека е инволвиран во шема за издавање визи и оти постои злоупотреба на фондовите во МНР.
Ципрас цело време стоел настрана и не се вмешал во кавгата. Практично, како што наведуваат внатрешни извори, го пуштил Коѕијас низ вода. Го жртвувал министерот кој го брани Преспанскиот, за министер кој е против договорот. Бројките играат улога – на Ципрас ќе му требаат гласови во парламентот кога Договорот ќе дојде за ратификација, а според планираното тоа треба да биде некаде во март в година.
Извори во МНР велат дека „Коѕијас бил преплашен од нападите на Каменос дека е тој човек на Сорос и оти земал фондови, како и од други слични напади“.
Весникот „Елефтерос прес“ објавува неколку делови од контроверзата со фондовите, односно кавгата која го принуди Коѕијас да си поднесе оставка. Според весникот ова се зборовите што си ги кажале.
Каменос: Министерот за надворешни работи не може мене да ме заменува и да се информира од трети страни што се случува, кога се знае дека тој користи 45 милиони евра „тајни фондови“ кои потоа ги дистрибуира.
Коѕијас: Кои 45 милиони? Јас во МНР имам 11 милиони, а 50 проценти од нив одат за Црквата. И не си ги давам себе си, туку тие се на МНР…
Другите министри сето ова го следеле со чудење и побарале дискусијата да продолжи со други прашања.
Доброинфрмирани извори велат дека Ципрас воопшто не очекувал оти прашањето за тајните фондови и за финансирањето од Сорос ќе биде отворено во владата, а најмалку од Коѕијас.
Како и да е, прашањето со тајните фондови денес треба да се најде во парламентот.
Comments are closed for this post.