Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Градот Скопје бара сеопфатна истрага за еколошката катастрофа која се случи на реката Вардар и уништувањето на живиот свет во главната артерија на Скопје.
Ова не е изолиран инцидент, туку последица на континуирана негрижа на Градот Скопје и надлежните институции. Наместо парадерство на Шилегов, потребно е да се засукаат ракавите и да понудат конкретни решенија“, се вели во соопштението на Советничката група.
Во него се истакнува дека ова не е прв пат да се предизвика вакво уништување на животната средина, односно дека жителите во близина на еколошката катастрофа се жалат постојано на миризби и испуштање на токсични материи во водата.
Градските инспекциски служби не реагираат со што се ставаат во заштита на нечии бизнис интереси наместо да го штитат здравјето на граѓаните. Шилегов треба да одговори кој тоа во континуитет дозволува еколошка катастрофа и поради чии бизнис интереси тоа се толерира. Зошто за Градот Скопје бизнис интересите се поважни од здравјето на граѓаните? Кој бизнисмен власта го штити како бела мечка и дозволува еколошка катастрофа среде Скопје“, се наведува во истото соопштение.
Comments are closed for this post.