Облечени во исти тренерки, со торбици и две топки во рацете, преправени во одбојкарски тим, 10 лица, бегалци од Сирија, со украдени пасоши се обиделе авионски од Грција и да стигнат во Цирих.
Од грчката полиција соопштуваат дека на атинскиот аеродром, биле уапсени 10 лица, кои со оригинални странски пасоши, но издадени на други луѓе и пријавени за изгубени или украдени, се обиделе да патуваат во европска земја.
За да ги измамат полициските власти и да го избегнат нивното внимание, дојдоа заедно, облечени во исти спортска облека за да личат на одбојкарски тим, со исти спортски ранци, како и со две одбојкарски топки. Меѓутоа, при извршената полициска контрола, беше констатирано дека не припаѓаат на некој спортски клуб и нивната цел беше да се нелегално да ја напуштат нашата земја, користејќи ги горенаведените патни исправи, соопштуваат од грчката полиција и додаваат дека уапсените биле изнесени пред јавен обвинител.
Потпретседателот на сојузот на полициски службеници од областа југоисточна Атика, Илиас Вредас, преку неговиот Фејсбук профил, упати честитки до неговите колеги и откри дека десеттемина бегалци од Сирија, имале оригинални украински пасоши, а нивната крајна дестинација била Цирих
Comments are closed for this post.