СВР Охрид поднесе кривична пријавa против Ш.Е.(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „фалсификување исправа“ и против В.Ц.(28) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“.
Пријавените, кражбите ги извршиле во периодот од 30 август до 15 септември 2019, во пет маркети во Охрид, каде влегувале со употреба на сила и одземале разни предмети. Првопријавениот, исто така, изготвил и лажна лична карта за да го прикрие својот идентитет.
Comments are closed for this post.