Американскиот „свиркач“ Едвард Сноуден, кој избега во Русија, откако разоткри масовен надзор во САД, „би сакал“ Франција да му даде азил.
Во интервјуто за јавниот радио сервис Франс Интер, кое утрово во целост беше емитувано, Сноуден апелира до Франција и претседателот Емануел Макрон да му доделат азил.
Јас поднесов барање за азил во Франција во 2013 година под (за време на поранешниот претседател социјалистот) Франсоа Оланд. Се разбира, многу би сакал г-дин Макрон да ми даде азил, рече тој.
Сноуден веќе побара заштита од повеќе од дваесет земји, меѓу кои Франција и Германија, но беше одбиен од една или друга причина.
Не сакаме Франција да стане како оние земји што не ги сакате. Најтажниот дел од оваа приказна е дека единственото место каде што американскиот свиркач има можност да разговара не е во Европа, туку е тука (во Русија). Не е само Франција во прашање, туку е западниот свет, тоа е системот во кој живееме. Заштитата на свиркачите не е непријателски чин. Да се прифати некој како мене не значи напад на САД – смета Американецот.
Ова интервју за Франс Интер не е случајно: Едвард Сноуден ќе ги објави утре неговите мемоари, објавени истовремено во дваесет земји, вклучувајќи ги САД, Франција, Германија, Велика Британија, Бразил и Тајван. Оригиналното дело, напишано во целост од самиот Сноуден, е објавено во Соединетите Држави од Метрополитен Букс (Макмилан) под наслов Постојано следење. Француската верзија насловена Живи мемоари е објавена од Едитион де Сој.
Вработениот во американската разузнавачка агенција НСА, Едвард Сноуден стана во „свиркач“, откако откри во 2013 година постоење на глобален систем за следење на комуникациите и Интернет. Тој избега во Русија во 2013 година и неговата дозвола за престој беше обновена до 2020 година. САД го обвинија за шпионажа и кражба на државни тајни.
Comments are closed for this post.