Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против скопјанката што ја задуши мајка си во скопската населба Карпош.
Обвинетата 46-годишна жена, по расправија ноќта меѓу 1 и 2 август, при вршење семејно насилство, со насилно задушување ја лишила од живот сопствената 74-годишна мајка.
Проценувајќи дека и натаму постојат околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетата ќе се даде во бегство или дека ќе влијае врз сведоци и ќе се обиде да ги уништи трагите од кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.
Comments are closed for this post.