Најмалку едно лице е убиено, а повеќемина се ранети во пукотница во Мисисага, предградие на Торонто, јави регионалната управа на полицијата од округот Пил, пренесе Дарикњуз.
Се уште нема информации за напаѓачот.
Полицајците биле повикани синоќа околу 18.30 часот по локално време на крстосницата од улиците „Морнинг Стар Драјв“ и „Дарчел Авењу”.
Според локалните медиуми, во пукотницата се слушнале речиси 20 истрели.
Вкупниот број на жртви останува непознат, наведува регионалната полиција на Пил, потврдувајќи дека загинатото е момче на 17 години. Полицијата тврди дека на местото на настанот биле испратени неколку екипа – вклучувајќи и тактички екипи.
Според информации на полицајците од теренот, двајца тинејџери се сериозно повредени, меѓу нив и една девојче-бегалец од Сирија на возраст од 13 години. Тие и маж со лесна контузија се префрлени во болница, додека една жена со повреди опасни по животот е префрлена во травматолошки центар.
Канада има многу ниско ниво на вооружено насилство, особено во споредба со нејзиниот сосед САД, каде и натаму има најголем број смртни случаи од огнестрелно оружје по глава на жител од секоја друга развиена држава во светот. Медиумите јавуваат дека минималниот број на жртви на годишно ниво изнесува околу 33.000 убиени, вклучувајќи и стотици деца.
Comments are closed for this post.