Премиерот на Луксембурд Ксавиер Бетел и неговиот сопруг, архитектот Готје Дестенеј, вчера имале приватна средба во градот Луксембург со српската премиерка Ана Брнабиќ и нејзината партнерка Милица Ѓорѓевиќ.

Бетел, кој е првиот европски премиер кој отворено призна дека е хомосексуалец, вчера на Твитер објави фотографии од оваа средба.

„Утре официјално ќе ја пречекам српската премиерка, а вечерва Готје Дестенеј и јас со задоволство ги поздравуваме нашите пријатели Ана Брнабиќ и Милица и заедно се шетаме низ градот Луксембург“, напиша Бетел.