Францускиот претседател Емануел Макрон му се извини на албанскиот премиер Еди Рама и на сите Албанци за пропустот со химната што се случи вчеравечер пред квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020 меѓу националните тимови на двете земји.
Организаторите на натпреварот наместо химната на Албанија ја пуштија химната на Андора, а подоцна и се извинија на Ерменија.
Макрон во разговор со Рама истакна дека оваа грешка е неприфатлива и рече дека таков инцидент нема да се случи повторно.
По инцидентот, албанските фудбалери не сакаа да го почнат мечот, но потоа прифатија да играат. Франција го доби натпреаврот со 4:1.
Comments are closed for this post.