Противпожарната служба на Грција го стави под контрола шумскиот пожар што изби во централниот дел на Ситониа, на вториот крак на Халкидики.
Во справувањето со огнените јазици учествуваа 23 пожарникари со 11 возила и два авиони.
Градоначалникот на Ситонија, Кипарисис Деплас, говорејќи за порталот на весникот „Етнос“, вели дека во исто време на мала оддалеченост избиле два пожари и изразува сомнеж дека пожарот е подметнат.
Comments are closed for this post.