Започнаа градежните работи за изградба на патот кон велешкото село Сливник. Во должина од 5,2 километри патот ќе се гради во три фази до Сливник, низ Сливник и кон село Бузалково.
Вицепремиерот Кочо Анѓушев кој денеска направи увид во градежните работи заедно со градоначалникот Аце Коцевски, најави дека патот треба да биде готов до крајот на годинава.
Како што истакна инвестицијата е во висина од 651.853 евра од кои најголем дел се државни пари преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој од 552.418, а остатокот од 99.435 евра се на Општина Велес. Изведувач на работите е градежната фирма „Изгрев инжењеринг“ од Велес.
„Со неговата изградба илјадници жители од овој регион нема да газат повеќе кал и снег и навреме ќе стигнат до селото и соседните села и градот, а учениците од погорните одделенија не мора да заобиколуваат преку градот да стигнат на настава во соседното село Бузалково“, потенцира Анѓушев.
Николчо Бабовски директор на АФПЗРР информира дека Општина Велес со потпишување договори за неколку дена влегла во градежна офанзива.
„Парите се за четири проекти на територијата на Општина Велес од 21 милион денари на кои општина Велес ќе плати ДДВ и ќе се дојде до сума од еден милион евра,а со кои ќе се инвестира во проекти кои се неоходни на жителите од овие рурални средини “,појасни Бабовски.
Воедно информира дека Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за неколку дена има потпишано 19 договори во висина од два милиони и 380 илјади евра. Тој потенцира дека ова е пример дека средствата се враќаат кај граѓаните таму каде што се најпотребни.
Градоначалникот Аце Коцевски потенцира дека со започнување на изградбата на патот за Сливник низ Сливник и кон село Бузалково се решава еден децениски па и вековен проблем за жителите од овие населени места.
„Ова се историско моменти за жителите на село Сливник и се резултат на нивните упорни барања да се направи патот. Бенифит од патот ќе имаат жителите од село Сливник, но и од соседните села Клуковец и Бузалково. Учениците од село Сливник од погорните одделенија, а кои сега за да дојдат на училиште во соседното село Бузалково вртат низ Велес преку Раштани, но со изградба на овој пат ќе им се реши овој горлив проблем, за нив, но и за сите жители од Сливник и соседните села“, појасни Коцевски.
Тој информира дека за овие три проекти за овој пат, Општина Велес аплицирала за два проекти и за еден проект е аплициран преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.
Comments are closed for this post.