Британскиот боксер Рики Хатон нема по добро да го памти одморот на грчкиот остров Миконос. Тој сакал да ја изненади девојката со романтична вечера во еден од најлуксузните ресторани. Се било совршено додека не стигнала сметката. Рики не можел да поверува дека таа изнесува дури 2000 евра.

920 евра чинело кобе говедско месо, а пак шампањацот го платил само 490 евра. Залудни му биле поплаките и тоа што сметката ја поставил на социјалните мрежи.