Новоименуваната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 10 септември ќе го претстави новиот состав на Европската комисија.
Откако новата италијанска Влада денеска официјално го номинираше Паоло Џентилони за иден еврокомесар, Фон дер Лајен го комплетираше списокот од 27 комесари, кои во следните пет години ќе бидат дел од нејзиниот тим.
Новата шефица на Европската комисија сега треба да им распредели области за кои ќе бидат задолжени во рамки на европската политика.
Задоволна сум што ги добив имињата од сите земји членки на ЕУ. Се надевам дека ќе составам добро избалансиран тим, кој ќе го претставам во вторник, најави претседателката на Еврокомисијата.
По претставувањето, за номинациите ќе се расправа и во Европарламентот, по што официјално ќе бидат именувани на 1 ноември.
Comments are closed for this post.