Mинистерката за правда Рената Дескоска на Фејсбук објави фотографија од средбата на работната група, која се реализираше по вчерашното писмо на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која ги овласти обвинителите да ги предадат предметите на републичкото јавно обвинителство.

На средбата, покрај министерката, присуствувле и републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, академик Владо Камбовски, обвинителката од СЈО, Ленче Ристовска, универзитетскиот професор Гордан Кајалџиев и уште неколкумина други.

Министерката Дескоска вчера истакна дека ќе се направат консултации за тоа какво влијание ќе има наредбата на Јанева на одредени одредби во законот.