Демократскиот сојуз е за помирување помеѓу левицата и десницата, не поради друго, тука за да се спречат натамошните делби на штета на македонските национални интереси, се вели во соопштението на партијата.
Низ историјата внатрешните поделби секогаш завршувале со катастрофални последици по територијалниот интегритет и националниот идентитет на Македонија и Македонците – соопштуваат од партијата, што ја предводи Павле Трајанов.
Повикуваме на договор (помеѓу СДСМ и ВМРО -ДПМНЕ) кој ќе значи проодност на првата фаза од уставните промени и можност преку нацрт амандманите и Уставниот закон да се вградат решенија кои ќе го гарантираат националниот- македонски идентитет и македонскиот јазик, како и унитарниот карактер на државата и територијалниот идентитет.
Со исклучивоста и повикувањето на народот, во суштина се крие желбата за власт.
Парламентот треба да одлучи дали ќе имаме мир и стабилност или неизвесност, немири и дестабилизација со неизвесен крај.
Ова недела е клучна за иднината на Македонија, затоа сите треба да размислиме и да носиме мудри одлуки – се вели во соопштението на Демократски сојуз.
Како што истакнуваат од партијата, просперитетот, мирот и владеење на правото немаат цена.
Comments are closed for this post.