Најмалку седум лица загинаа во средата во Мароко во поплавите по обилните дождови на југ од земјата близу до градот Тарудант, 600 километри јужно од Рабат, јавуваат локалните медиуми. Во тек е операција на трагање по исчезнатите лица.
Повеќето од жртвите настрадале од ненадејна водена буица додека гледале фудбалски натпревар на игралиште изградено покрај коритото на пресушената река Тизрт.
Инцидентот е снимен и со мобилен телефон па може да се види колку брзо водата ја однесе малата трибина на која имало десетина несреќни гледачи.
Comments are closed for this post.