По изминато време од 25 години, во Њујорк е забележан викенд во кој немало ниту една престрелка со огнено оружје. Последен пат таков мирен викенд њујорчани имале во 1993 година.

Во петокот, саботата и неделата немаше ниту едно пукање, ниту убиство. Тоа се случува за првпат по децении и тоа е нешто со кое можеме да се гордееме, не само полицијата туку и жителите на градот, изјави на прес- конференција шефот на локалната полиција Џејмс О’Нил.

Полицијата регистрирала и намалување на бројот на престрелките од почетокот на годината за 1,1 отсто во споредба со истиот период минатата година. Бројот на убиства во Њујорк сепак е зголемен оваа година. Досега имало 600, а минатата година имало 292 убиства, што е најмалку од 50-те години на минатиот век.

Најголем дел од убиствата се извршени во неколку квартови на Бруклин и Бронкс.