Руското летало Сојуз МС-14 со хуманоидниот робот Федор денеска пристигна на Меѓународната вселенска станица Мир.
Директорот на „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин изјави дека Федор ќе се врати на Земјата како што е планирано на 7 септември.
Има доволно време за извршување на планираните тестови и за враќање на Земјата на 7 септември, наведе Рогозин.
Андроидниот робот Федор е произведен во соработка со „Андроид техник“ и руската Фондација за напредни истражувачки проекти со техничка поддршка на Министерството за вонредни ситуации на Русија.
Comments are closed for this post.